Владата според календарот на емисија на државни хартии од вредност планира да се задолжи за огромни 139 милиони евра во вториот квартал од 2021 година. Задолжувањата не престануваат додека експертската јавност континуирано предупредува на опасноста од прекумерното задолжување кое единствено ја носи државата кон банкрот.

И економистите велат дека задолжувањата се единствено оправдани доколку бидат вложувани во капитални проекти кои се од стратешка важност за државата но до сега владата нема ниту еден таков проект па критичарите велат дека владата ги троши парите на популистички мерки.

Две милијарди евра беа земени како заем минатата година и никаков поголем капитален проект не беше почнат ниту од започнатите некој завршен што дополнително ги подгрева шпекулациите во јавноста дека позајмените средства се трошени за предизборен поткуп. Владата во вториот квартал планира да се задолжува во месеците април, мај и јуни и тоа за огромни 139 милиони евра.

Инаку, владата ветуваше дека задолжувањата ќе се намалат и ќе се стабилизира јавниот долг но за изминатите години јавниот долг достигна историско највисоко ниво од 60,7 % од БДП и според извештаите на сите реномирани финансиски институции како Светска банка и ММФ тој процент се очекува дополнително да расте.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.