Вкупно 3.265 возила со бугарски таблички биле оцаринети до сега од почетокот на примената на Законот за регистрација на возила со странски регистерски таблички, објави Македонски медиа сервис.

Владата на крајот на ноември лани го усвои предлог-законот со цел да се регистрираат возилата со странски таблички со намалени давачки до 50 отсто од утврдената вредност на сите давачки кои се наплатуваат при увоз на возила од страна на надлежните државни органи.

Според одговорот добиен од Владата. до сега се собрани само 400 милиони денари или 6,5 милиони евра од увозни давачки, а помина половина година од објавувањето на мерката.

„Во текот на овие месеци вкупно се наплатија 400 милиони денари како увозни давачки за возилата со странки регистерски таблички“, рекоа од Владата за ММС.

Ваквата поволност важи за сите возила со најмалку еуро4 стандард кои влегле во земјава заклучно со 1 октомври 2020 година и трае една година, односно до следниот ноември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.