Владата нема слух за странските компании со технолошки напредно производство од кои повеќето работат во зоните и генерираат голем дел од нашиот увоз, напиша Фактор.

Од денеска практично не важат автономните мерки со кои во претходните шест месеци тие увезуваа со пониски царини – од сега царинските стапки се враќаат на старо, а никој од Владата, и покрај настојувањата не ги удостои ни со одговор. Станува збор за 12 производи за кои досега, а со посебна владина одлука царините беа преполовени за период од шест месеци односно од почетокот на годината до 30 јуни. Тоа намалување истекува сега во време кога пандемијата со Ковид-19 сериозно ја погоди економијата па и овие компании. Фактор го има Барањето на Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство пратено до Владата, до министрите за финансии и за економија. Во него се образложува зошто автономните мерки и пониските царински давачки за овие производи треба да важат и за следните шест месеци, како привремено решение за да се зајакне конкурентноста на компаниите ки што произведуваат технолошки напредни производи. На ваков начин, според нив ќе се придонесе за поголема атрактивност на земјата при привлекување на нови компании со странски капитал од различни стопански сектори. Компаниите инаку бараат изедначување на царинските давачки за овие компоненти со тие во Европската Унија.

„Како држава имаме поголеми царини за увозот на многу компоненти што се потребни за производство на технолошки напредни производи од оние кои се применуваат за увоз од трети земји. Ова ја прави земјата неконкурентна како локација за инвестиции во споредба со другите земји членки на ЕУ и земјите д регионот и дополнително ги прави неконкурентни македонските производи, велат од Асоцијацијата.

Во услови на пандемија и во време кога се најавени промени во глобалните синџири на добавувачи, инвеститорите сметаат дека е неопходно дополнително намалување на царинските стапки.

Инаку во Македонија нема домашни компании кои произведуваат компоненти кои се вградуваат во производите кои се извезуваат од земјава и се увезуваат од земјите членки на ЕУ, но и често од земји како Кина, Јапонија и други земји од Далечниот Исток, кои не се членки на ЕУ и при увоз од овиеземји во Македонија се плаќаат непотребно високи и нелогични царини.

Ова барање е надополнување на нивното барање за воведување автономни мерки за укинување на одредени царински давачки врз основа на кое се донесе Одлуката со која стапките на 12 производи се наамлени за 50 отсто до крајот на јуни годинава.

Инаку Владата доста зборува за странски капитал ама со ваквиот однос докажува дека малку води грижа за инвеститорите, а тоа го тврдат и самите.

Анализа на стапките на производите кои се увезуваат и с екомпоненти за производство покажува дека царинските давачки кај нас се двојно повиоски од тие во Унијата. Според правилата треба да се изедначат дури со влезот во ЕУ што е лошо поради намалувањето на конкурентноста на домашното производство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.