Од 2004 година во Македонија постои добро воспоставена шема преку која неколку комерцијални банки во земјата систематски ги прекршувале важечките регулативи во областа на банкарството, со цел да можат покрај законски дозоволеното кредитирање да вршат и законски забрането кредитирање, претежно за субјекти коишто не се подобни за добивање на банкарски кредити.

Ова е дел од заклучокот по спроведената независна истрага за стечајот на Еуростандард банка која ја презентираа експерти за банкарски криминал предводен од европскиот експерт Драго Кос.

Во целосниот извештајот којшто содржи повеќе стотици страници направена е анализа во врска со еден од овие случаи, во која е опишана шемата на незаконско кредитирање од страна на Комерцијална банка АД скопје во повеќето случаи преку деловните сметки на две компании, банка за која Кос рече дека имала посебна врска со Народна банка.

Во текот на периодот меѓу 2004 и 2011 година во шемата биле вклучени седум банки, 45 други компании и едно физичко лице. Во истиот период докажани се најмалку 103 фалсификувани потписи на договори за заем, а биле изготвени и потпишани 40 фиктивни договори за кредит и 81 фиктивни договори на заем.
Не беше возможно да се докаже надвор од разумно сомневање дали Комерцијална банка ја користела опишанаат шема на незаконско позајмување за други цели, на пример за акумулирање парични средства во корист на одредени организации или поединци, но постојат изјави од одредени инволвирани лица коишто го потврдуваат овој навод, рече Кос.

Според него, по пат на оваа шема којашто функционирала од 2004 до 2011 година, само преку две компании, Комерцијална банка заработила 5.573.602 евра во незаконски стекната добивка, додека овие две компании претрпеле штета во износ од 21.601.991 евра.

Еуростандард банка станала дел од незаконската шема на позајмување најрано во 2011 година. Степенот којшто го достигнала шемата и се поголемиот број на банки и компании инволвирани во неа довеле до губење на контролата, особено за помалите банки, коишто само учествувале во шемата и не управувале со неа, каков што е случајот со ЕСБ, порача Кос.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.