Од 1 јули Управата за јави приходи ја спроведува и мерката МојДДВ за поврат на 15 отсто од платеното ДДВ назад кај граѓаните. Креирана е мобилна апликација под името МојДДВ преку којашто граѓаните може да ги скенираат фискалните сметки со што го остваруват правото на поврат на 15 % од платениот ДДВ. Со задоволство може да се пофалиме со успешноста на МојДДВ и согласно податоците да заклучиме дека мерката веќе ги дава резултатите за целите за кои е воведена – влијае на намалување на сивата економија и враќа пари на граѓаните, изјави директорката на Упрвата за јавни приходи, Сања Лукаревска денеска на прес-конференција, каде што ги презентираше досегашните информации за мерката МојДДВ.

Заклучно со 19.09.2019 скенирани се 19,905,878 фискални сметки, остварен е промет од 10,073,372,640 ден, вкупен ДДВ 1,093,180,972 ден, додека повратот на 15 % од платениот ДДВ изнесува 163,977,146 ден или 2.666.000 ЕУР, рече Лукаревска.

Тоа значи дека за неполни три месеци откако беше воведена на 1 јули, секој граѓанин на Македонија добил во просек по нешто над 1 евро.

Само во првите месеци од воведувањето на МојДДВ, јули и август, наплатата на ДДВ е зголемена за 10 отсто во однос на минатата година. Податоците говорат и дека вкупната наплата на даноци од година во година расте. За илустрација, наплатата на вкупниот даночен приход во 2019 година заклучно со август изнесува 53,4 милијарди денари што е за 9, 2 милијарди денари повеќе , односно за 20.08 отсто повисока во однос на истиот период во 2015 -та година. Со цел професионално, обејктивно, непристрасно и продуктивно работење, Управата за јавни приходи тежнее и работи кон целосна дигитализација на процесите, рече Лукаревска.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.