Криминалите и законските прекршувања на омилениот играч и рекетар на Заев – Ден Дончев немаат крај. Дончев е вплеткан во бизнис мрежа која се протега од струмичко Муртино, преку Мелбурн во Австралија до Манчестер во Англија, во која се поврзани фирми од кои тој земал милиони додека истовремено директорувал со ФЗОМ, обелоденува неделникот Фокус.
Според информациите кои медиумот ги добил од страна на надлежните органи Дончев лани во период од само 6 месеци примил 3.120.006 денари, односно над 50.000 евра од страна на австралиската „Мегантик“, кои се исплатени од страна на фирма со исто име од струмичко Муртино, чие седиште верувале или не е во деловниот центар „Глобал“, ова денеска преку прес-конференција го истакна Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

Парите кои Дончев ги примил за време додека бил директор на ФЗОМ, се земени во спротивност на чл. 44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси. Дончев де факто и де јуре го прекршил законот, кој е дециден дека избрано и именувано лице за време на траењето на неговиот мандат е должно да ги почитува правилата на неспоивост на функцијата која ја врши со други функции или дејности, но и јасно прецизира од што смее, а од што не избрано и именувано лице да остварува дополнителни приходи. Хонорар или плата за консултантски услуги не се меѓу нив. За нелегалните активности на Дончев е известено и ЈО, но реакција од таму нема. ЈО иако известено свесно дозволило Дончев да продолжи со нелегалните активности. Компанијата од која Дончев земал пари рапидно го зголемила својот приход во 2019 година, време кога Дончев е директор на ФЗОМ, за разлика од 2013 година, кога истата била формирана. Имено во 2019 година, кога и му исплатила пари на Дончев истата остварила приходи од 25.5 милиони денари, за разлика од 2013 година кога имала само 3.5 милиони денари приходи, вели Стојаноска.

Таа додава дека го повикуваме ЈО на Русковска да се разбуди од зимскиот сон и да почне да си ја работи работата. Доколку не го стори тоа да знае дека е соучесник во криминалот на Дончев, за што ќе има одговорност кога ќе се воспостави правната држава и владеењето на правото во Македонија. Дополнително ги охрабруваме сите надлежни органи, како Антикорупциска и другите институции да продолжат со своите активности во утврдување на нерегуларностите. Одговорност мора да има.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.