Согласно најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,48%, во однос на малопродажните цени утврдени со претходната одлука од 30.12.2019 година.

Така малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит  и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 68,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 70,00 ден/лит, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,305 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 30.12.2019 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 38,548 ден/кг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.