Премиерот Зоран Заев најави дека е постигнат договор со бизнисот и синдикатите за зголемување на минималната плата и таа во иднина ќе изнесува 14.500 денари. И додека Фајненс тинк предупредува дека зголемувањето на минималната плата за 16 отсто треба да се одмери уште еднаш зашто може да претставува значаен товар за работодавецот кај 2/3 од примателите на минимална плата, додека кај 1/3 ќе помогне за формализација на платата во плико, а бизнисот алармира дека ќе се делат откази и дека одредени мали фирми ќе се затворат, Заев најавува дека се реални изборните ветувања до крајот на следната година, која е изборна, минималната плата да достигне 16.000 денари, а просечната 30.000 денари.

Бизнисот денеска кажа дека ова е погубно, ние не сме против воведување на минимална плата и не сме против зголемување на минималната плата, напротив ја поттикнуваме и охрабруваме, но сето тоа мора да биде и да се темели и на реалните економски политики.  Економското цунами, економската капитулација во Република Македонија не може да се покрие со ваков тип интервенционистички камиказа политики на дуото Заев – Анѓушев, и денеска веднаш бизнис заедницата реагираше на оваа мерка којашто беше вчера соопштена онака горделиво во влада на Република Македонија во присуство на ова дуо засилено со министерката Царовска, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој вечерва беше во посета на партискиот штаб во Кисела Вода.

Мицкоски се осврна на уште една важна работа која ќе се провлече зад актиелната тема – датумот за преговори, а тоа е европското знаменце за Законот за опојни дроги, кој ако помине во Собранието, Македонија ќе стане озаконет дилер на марихуана во светот.

Марихуаната од плантажите на семејството Заеви ќе ја извезуваме за уживање во светот. Ете тоа се двете мерки коишто се реформски од вчера до денеска. Првата мерка е како интервенционистички по методот на еден минат систем се носат одлуки во тесен круг на луѓе и втората е како Македонија да биде законски дилер на марихуана во светот. Ете тоа се реформите коишто дуото Заев – Анѓушев им ги приреди на нашите  сограѓани. За овој закон ставија европско знаменце, затоа што се плашат од јавна дебата, се плашат од аргументирана дискусија во рамките на Парламентот, му доделија европско знаменце и сакаат шверцерски по скратена постапка во три дена да го поминат во рамките на Парламентот.  Ќе ве потсетам, монопол во пазарот во Македонија кога се однесува за производството на марихуана има Заев и семејството Заеви. Ние драматично ќе се спротивставиме во рамките на Парламентот. За првото апсолутно сакаме аргументирана дебата, поддржуваме ќе повторам зголемување на минималната плата на работниците и тоа е во интерес на граѓаните  на Република Македонија, но сето тоа мора да се темели на реална основа, а не да биде начин како да биде продолжена политичката кариера на Зоран Заев по неговиот рецепт, а тоа е амнестија за сето она што беше погрешно во минатото преку ваков тип на интервенционизам. Така што за вториот реформски така наречен закон на дуото Анѓушев и Заев, а потоа поврзан со легализација на дилањето дрога односно дилањето на марихуана од Македонија во светот, жестоко ќе се спротивставиме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.