Според Преспанскиот договор, Македонија и Грција треба да формираат заедничка комисија која треба да го договори користењето на брендот „Македонија“ во трговијата.

Таа комисија се уште не е почната со работа и нема одржано ниту еден состанок иако рокот до кога треба да најдат заедничко прифатливо решение е три години.

За македонски координатор на таа комисија е избран Ѓорѓи Филипов тој веќе жестоко реагираше на промоција на кампањата „Macedonia is GReat”, од страна на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Тој во Солун, токму кога таму беше и македонскиот премиер Зоран Заев ја промовираше кампањата за производи како што се вино и храна кои во светот ќе се продаваат како „Македонски“ од Грција.

Прашан за коментар за грчката компања, Заев рече дека тоа не е спротивно на договорот од Преспа иако таму е наведено дека трговските марки треба да се регулираат со заедничко прифатливо решение.

Страните се согласуваат да им дадат поддршка и да ги охрабрат своите деловни заедници да воспостават искрен, структуиран и во добра волја дијалог, во чии рамки ќе бараат и ќе постигнуваат заемно прифатливи решенија за прашањата кои произлегуваат од имињата за комерцијална намена, трговските марки и заштитни знаци и за сите релевантни прашања, на билатерално и на меѓународно ниво.-стои во Преспанскиот договор.

И додека Македонија чека комисија да почне со работа, во Германија веќе почнаа да се продаваат вина со предзнакот Северна. Република.мк дојде до фотографии од неколку маркети каде по цена 1,49 евра се продава црвено вино од „Република Северна Македонија“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.