Требаше да бидат завршени 90 отсто, но досега се завршени околу 65 отсто од градежните активности за првите два километри од патот Скопје-Блаце. Доцнењата се поради, како што вели директорот на ЈП Државни патишта, Ејуп Рустеми, стрмниот терен.

Веќе нарачавме посебно проектирање на овој страничен дел и потпорен ѕид кој е долг 280 метри и висок 18-20 метри на овие 2 км од делницата и затоа проектот мора да го направи компанијата „Хил“. Потоа мора да се ревидира од страна на Градежниот факултет и потоа следува реализацијата, рече Рустеми за ТВ21.

Рустеми смета дека овие 2 километри ќе бидат завршени напролет 2023. Тогаш ќе почне изградбата на вториот дел од патот, кој е во должина од 10 километри. По потпишувањето на договорот за заем со ЕБОР веќе се започнати процедури за избор на техничка помош, вели Рустеми, па потоа ќе следи избор на изведувач на градежните работи и надзорот.

Предвидено е патот Скопје-Блаце да се поврзе со Коридорот 8, што би помогнало директно да се поврзе Косово со овој паневропски коридор.


Повеќе прочитајте ТУКА



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.