Поддршка од уставобранителите, од прилепчанецот Јане Ченто до тутунарите кои денеска излегоа на предупредувачки пртест во Прилеп. Протестот на прилепските тутунари започна симболично од споменикот „Прилепски бранители“.

“Добро утро Прилепе мој те чека третата рака, кој што не бил на зелено море, не знае што е мака.”

Тутунарите се незадоволни од откупната динамика и откупната цена. Од 23 илјади тони колку што тежи годинашниов род на тутунот досега се откупени само 250 тони по просечна откупна цена од околу 135 денари. Лани пак во истиот период биле откупени 10 илјади тони по просечна откупна цена од 220 денари,тврдат од сојузот на тутнските здруженија.

Тутунарите најавуваат дури и блокирање на откупните центри од утре, доколку се продолжи со откуп по истите цени.

„Од понеделник и вторник секаде каде што се предава тутун, доколку има нереална проценка, се зема тутунот класа подолу да се блокираат откупните центри, на самото место вагите да бидат блокирани, да се извести Министерството, да се извести Инспекторатот“, вели Менде Стомнароски, претседател на Сојуз на земјоделци.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.