Во тек е вакцинација на бизнис заедницата, акција на Стопанската комора на Македонија, која заедно со Стопанската комора на Србија, а во рамките на Коморскиот инвестициски форум се реализира викендов во спортската сала „Чаир“ во Ниш, Република Србија. Од отворањето на пунктовите за вакцинирање, до 11 часот, вакцинирани се повеќе од 500 лица.

Се вакцинираат вработени од Комората, како и вработени од компаниите членки на Комората чии работни места се од висок ризик од пандемијата и единствено на овој начин ќе продолжат непречено да работат, да го задржат нивото на економска активност и да ѝ помогнат на државата и економијата во борбата против пандемијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.