Дизелот и екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ ќе се продаваат по цена повисока за половина денар, а цената на ЕУРОСУПЕР 95 и 98 останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно оваа одлука, новата цена на дизелот ќе биде 60,50 денари за литар, а на екстра лесното масло за домаќинство 50,50 денари за литар.

ЕУРОСУПЕР БС-95 и понатаму ќе се продава по цена од 66,50 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по цена од 68,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот се намалува за 0,711 денари за килограм во однос на претходно утврдената цена, така што отсега тој ќе се продава по цена од 31,650 денари за килограм.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.