Во индустријата за производство на облека трудот чини 60 проценти од вкупната цена на производството. За да се тркаат со Источна Азија нашите текстилни производители постојано наоѓаат начин како да ја намалат цената на трудот. Тоа претставува трка кон дното, во која заради родовата поделба на работните места на пазарот на труд најмногу страдаат жените.

Денес се сретнав со бројни текстилни работнички од Штип кои ми укажаа на дискриминацијата на работното место, на влијанието на минималната плата кое делува како урамниловка и не функционира т.н. спирала на покачување на платите на повисоките позиции или за оние кои имаат поголемо искуство, знаење или компетенции, за непријавениот труд, за неможноста од синдикално организирање итн.

Дискриминацијата, скриената економија и непочитувањето на работничките права мора да запре!

Македонија мора да размислува и делува развојно! Да го искористи капацитетот кој постои, но да инвестира во основна индустрија, дизајн и производство на сопствени производи. Како Претседателка ќе сторам се да стимулирам вакви развојни процеси, а воедно ќе побарам она што Владата заборава да побара веќе цели 18 години – официјално вклучување на Македонија во Паневропската асоцијација на дијагонална кумулација на потекло на стоките, што ќе овозможи финалните производи од Македонија да кумулираат потекло и се извезуваат во ЕУ без царини. Тоа ќе обезбеди поголема додадена вредност за нашата економија, поголеми плати и економска интеграција на Македонија во Европската унија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.