Илија Димовски смета дека државата континуирано се задолжува и дека следува период на уште пострашно задолжување од милијарда и 450 милиони евра. Димовски додаде дека идејата за Клинички центар воопшто не е внесена во овие проекции и дека чини дополнителни половина милијарда евра.

Ова година Република Македонија треба да повлече заеми во вредност од 34  милијарди денари. Тоа се 556 милиони евра што треба да ги повлечеме како заеми. Што е поинтересно, во фискалната стратегија за следната година се планирани 55 милијарди денари да повлечеме како заеми од домашно и од странско задолжување што е некаде 900 милиони евра. Значи оваа година 556 милиони следната година 900. Вкупно се милијарда и 450 милиони. Плус, заменичке, дали во овие бројки е внесена идејата за Клинички центар. Не е. Колку  е идејата за Клинички центар –  околу половина милијарда, рече Димовски на Комисијата за финансирање и буџет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.