Љупчо Димовски, поранешен министер за земјоделство вели дека Светозар Јаневски, кој му бил советник на техничкиот премиер Оливер Спасовски, а со знаење на Зоран Заев, претседател на СДСМ, на лозарите им нудел понижувачки цени за откуп на винското гројзе.

Јаневски од ВВ Тиквеш бил советник на техничкиот премиер Оливер Спасовски, а со знаење на претседателот на СДС Заев.
Деновиве истиот тој владино-партиски советник на лозарите им нуди понижувачки цени за откуп на винското грозјето, за кои владиниот врв не можел да не знае.
Истовремено, додека бил владин советник постојат индиции дека Свето Јаневски земал владини субвенции за околу 300 вработени во неговите фирми.
Воедно, има индиции дека за време на изборната кампања активно помагал едно од крилата на СДС.
И сега старо-новиот премиер Заев утре ќе се сретне со лозарите за да ги манипулира дека тој не знаел дека владиниот советник Свето ги манипулирал лозарите!?
Тоа ќе биде дупло понижување за лозарите, кои се соочуваат со најтешката криза во нивното производство и продажба на грозјето.
ПС: наскоро следи анализа на “соопштението” на ВВ Тиквеш и понижувањето и новиот грабеж на чесните македонски лозари, пишува на фејсбук Димовски.

Јаневски од ВВ Тиквеш бил советник на техничкиот премиер Оливер Спасовски, а со знаење на претседателот на СДС…

Posted by Љупчо Димовски on Monday, 7 September 2020

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.