Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитроска-Кочоска во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 обвини дека избришани биле 20 илјади невработени лица од Агенцијата за вработување.

Од листата на активни баратели имаме избришано, за првите 4 месеци, 20.511 лица. Тоа се за месеците јануари, февруари, март и април, со тоа што најмногу во месец март – 17.302 лица. И ова веќе дава сосем друга пресметка, односно личи дека овие лица се вработиле. Не, не се вработиле, вели Димитроска-Кочовска.

Таа објасни и зошто е тоа така.

На ова тврдење, заменик-министерот за финансии Драган Ковачевски вели дека никој никого не избришал.

Секогаш постои, во цел свет, активен барател на работа и пасивен барател на работа. Дури кога се носеше решението за финансиска поддршка на невработени, синдикатот се сложи, и пасивните баратели на работа да бидат опфатени со мерките, додаде Ковачевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.