Гордана Димитриевска Кочовска од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24 истакна дека ќе има покачување на цената на струјата и покачувањето на ДДВ-то е трошок на граѓаните.

Димитриевска Кочовска смета дека владата прави погрешна одлука со враќањето на ДДВ на 10%, зашто тоа се прави во погрешен период.

Ме загрижува моментот со домаќинствата надвор од Скопје. Голем дел од стамбените објекти каде имаме најголем дел од населението кои се загрева сна струја. Оние во куќи имаат друга опција. Нас допрва не очекуваат ефектите на минусните температури. Не треба да се фалиме дека сите капацитети ни се во функција. Немаме полн капацитет, вели Димитриевска Кочовска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.