Членот на извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ Гордана Димитриевска Кочоска истакна дека приходите се нереално проектирани за 2021 година а тие се засноваат на предвидувањата на владата за економски раст од 4,1 %.

По однос на она што се случува за 2021 повторно како резултат на фактот дека имаме помали приходи за 5,2 % во последнот квартал 2020 во однос на истиот период 2019 јасно е дека и 2021 година приходите се нереално проектирани и тоа нема да се случи – појасни Димитриевска –Кочоска.

Димитриевска – Кочоска неостварувањето на економскиот раст од 4,1 % кој го проектира владата го поткрепува со неколку факти и тоа доцнење на вакцинацијата на населението и создавање на нормали услови за бизнис, голем број на ново невработени лица, намалена потрошувачка, лоша клима за странски инвестиции и воздржување на другите компании од вложување што би значело дека Македонија ја чека уште една тешка година на економски план.

Тоа го поткрепувам со неколку факти. Прво ние немаме почнато со вакцинација, нема почнато со обезбедување на нормализирани услови за стабилизирање на економијата, немаме ефикасен план за набавка на вакцини за ефикасна имунизација на нашето не така бројно да кажам население. Можеби ќе бевме лидери за обезбедување на услови за подигнување на мерките кои го ограничуваат работењето како на услужниот така и на останатите бизниси. Но се касни со вакцината, ќе се касни и со создавање на услови за нормализација на бизнисот. Воедно имаме висок број на нови невработени лица, намалени плати, страв кој што го креира владата така што не очекува тешка година во која што повторно ќе имаме воздржување од потрошувачка и во нареден период. Компаниите се исцрпени, климата за инвестиции е неповолна комплетно со ваква влада, така да не очекуваме не знам какви инвестиции во приватниот сектор. За странските инвестиции воопшто не сакам да дискутирам таму наместо прилив имаме одлив. Се стеснува фискалниот простор за подршка на бизнисот и таму состојбата е алармантна – истакна Димитриевска Кочоска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.