Гордана Димитриевска Кочоска, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во телевизија 24, зборуваше за сетот на мерки каде посочи дека тие се мерки кои се само за следните три месеци и не се знае што понатаму.

Повторно имаме само мерки кои што се за следни три месеци, не знаеме што ќе биде понатаму. На рестораните ќе им се даде 3.000 до 10.000 евра во зависност на кој како, а тие само од една свадба што ќе ја направат ќе остварат толкав приход. Има и ситуации како и ќе ги ослободиме фирмите од плаќање на персонален на доход за тим билдинг, како тим билдинг во период на корона криза. Така да Македонија чисто за споредба, ММФ вели 4% проекција нивна пад на БДП, ние ќе ја завршиме од 5.5% што јасно кажува дека мерките кај нас не даваат резултат – истакна Димитриевска Кочоска.

Имено таа во своето гостување зборуваше и за буџетот и ако се погледне во месец август може да се види дека приходите се паднати за 189 милиони во однос на ребалансот.

Ако го погледнеме буџетот во месец август ќе видиме дека приходите се паднати за 189 милиони евра во однос на ребалнсот. Имавме ребаланс во мај месец, и јас и тогаш кажав дека тој ребаланс нема да се оствари затоа што во тој момент никој не гледаше што се случува во економијата – додаде таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.