Ние сме единствена земја со вакви економски мерки во време на криза, кога наместо да се стимулира потрошувачката, се намалуваат платите, смета дополнителниот заменик министер за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска.

Таа во вечерашната емисија „Топ тема“ на Телма телевизија изјави дека задоцнета е реакцијата на Владата. Како и да е, времето не може да се врати назад и мора да се размислува напред во насока на спречување на поголема финансиска криза.

Значи ние сега имаме само сет на мерки кои се однесуваат само на угоститеството, туризмот, објекти за сместување и транспорт. Ама морам да објаснам дека тоа не е субвенционирање, туку е ослободување за период март, април и мај од плаќање на придонеси. Сега треда видиме и што значи тој збор „ослободени“ – дали тоа значи ослободување или ослободување. Исто така ВМРО-ДПМНЕ е против мерката плата од 14.500 за сите затоа што ние наместо да стимулираме потрошувачка сега нема да има потрошувачка. И сега каде е приказната. Ни требаат брзи пари, кои ќе ни обезбедат да бидеме ликвидни, но во исто време не да влијаеме негативно на потрошувачката. И затоа ние велиме дека сега не е моментот да ја скратиме потрошувачката, односно платите на јавната администрација. Ние сме единствена земја со вакви економски мерки , децидна е Димитриеска – Кочоска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.