Заев и најкриминалната влада во Европа тргнаа во процесот на приватизирање на Царината, за да им врви работата и да ги полнат џебовите, ова денеска преку прес-конференција го истакна Гордана Димитриеска Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Нов ден нов бонбона бизнис за фамилијата на власт или шверц комерц. Дојде ред  да се приватизира и дел од Царинската управа. И тоа случајно оној дел кој годишно собира над  410 милиони евра.  Ќе се приватизира едниот столб на државата кој го полни буџетот. Владата работи на анализа за јавно приватно партнерство кое ќе има за цел да ги следи акцизните стоки. Дека е ова нов бонбона бизнис говори и фактот што пред повеќе од една година и половина Царинската управа го пушти во употреба системот за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД). Овој проект ги чинеше граѓаните неколку милиони евра. Делот за обработка пак на акцизни документи стартуваше заедно со новиот Закон за акцизи од 01.01.2020 година со кој требаше да се подобри наплатата на контролата на акцизните производи. Со воведувањето на овој систем производителите и увозниците на акцизни добра потрошија време и ресури на усогласување на своите системи со системот на Царинската управа но исто така  компаниите и Царинската управа инвестираа во обуки и кадар кој треба да работи согласно законот за акцизи, вели Димитриеска Кочоска.

Таа додава дека од тука се поставува прашањето зошто се потрошија толку пари за развој на модул за акцизни добра кога се планира по само една година истиот да се напушти и да се воведе нов интегриран систем за следење на акцизни стоки врз база на јавно приватно партнерство.

-Исто така дали со воведувањето на овој систем повторно ќе се оптерети бизнис заедницата со нови трошоци и колку ќе ја чини една компанија инсталирањето, користењето и одржувањето на еден ваков систем. Владата го правда воведувањето на овој систем дека е во интерес на намалување на сивата економија но всушност е комплетно спротивно бидејќи овој систем нема никаков механизам  за контрола на нелегалните продажби на акцизни производи, а ниту компанијата која ќе стопанисува со истиот ќе има ингеренции за санкционирање на дивите продавачи на акцизни добра. Всушност овој систем само дополнително ќе ги оптерети редовните плаќачи на акцизи, а наместо да го забрза протокот на стоки и услуги уште повеќе ќе ги оптерети компаниите со дополнителна бирократија и фиксни трошоци. Владата не се изјасни како преку овој систем ќе се контролира транзитирањето на акцизните стоки кој е еден од најбитните сегменти во меѓународната трговија и каде се можни злоупотреби од катастрофални размери. Односно на Владата на СДСМ единствена јака страна им е шверцот на акцизни добра, а преку овој систем планираат да го легализираат својот бонбона бизнис, вели Димитриеска Кочоска.

Таа додава дека покрај ова се поставува и прашањето зошто упорно се вработуваат лица во Царинската управа кога во исто време дел од веќе постоечките вработени со воведувањето на јавно приватно партнерство ќе останат без работни задачи.

-Фамилијата Заеви се повеќе се богати и мисли на себе, за државата никој не води сметка, а сето тоа го плаќаат граѓаните на Македонија. Истите оние кои секој ден стравуваат дали ќе заболат од корона, а болните дали ќе го дочекаат следниот ден. За крај кој ќе застане во име на фамилијата Заеви и ќе го добие јавното приватно партнерство?, потенцира Димитриеска Кочоска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.