Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во утринската емисија „Добро утро, секое утро“, посочи дека била предвидена реализација на трите пакети на антикризни мерки била 550 милиони евра, но како што рече не се реализирале дури ни 200 милиони, како и дека во четвртиот пакет на мерки е содржани мерки од трите пакет на мерки

Значи од 550 милиони евра ние немаме реализација ни на дури 200 милиони евра, што јасно покажува дека мерките се така направени да не се реализираат и сега доаѓа четвртиот пакет на мерки кои што во себе вклучува од третиот пакет, продолжување на првиот и вториот пакет итн – вели Димитриеска Кочоска.

Таа додаде во првите три месеци има буџетски дефицит од 120 милиони евра, односно како што рече таа власта продолжила со динамика на трошење, но Буџетот не прибира толку средства колку што трошо. Како што вели Димитриеска Кочоска кога била дополнителен министер за финансии неколку пати алармирала на ребаланс на буџетот и кратење на непродуктивните трошоци.

Дека Буџетот е во лоша кондиција тоа е нешто што беше од почетокот на годината, не е само сега. Кога влеговме во оваа година се спремаа за избори и за поткуп на изборите. Првите три месеци кога живеевме во некој сон и кога не ја регистриравме коронакризата потрошивме фрапантни 120 милиони евра повеќе од тоа што создава Буџетот, значи имавме буџетски дефицит за само три месеци 120 милиони евра, а притоа во тој период немавме никакви економски мерки. Потоа продолжуваме со иста динамика а во исто време Буџетот не прибира толку колку што беше првично по првиот буџет. Потоа дојде ребалансот кој што дојде со ненормално задоцнување, јас бев тогаш нели дополнителен министер за финансии во техничката влада и уште од почетокот зборував дека треба да се направи ребаланс на Буџетот. Тоа беше некаде на 23 на 23 март кога јас и официјално со допис до тогашната министерка пишав дека треба да се направи ребаланс иако со денови претходно кога разговаравме за задолжувањето, јас тоа го повторував. Зошто беше итен ребаланс? Затоа што со итниот ребаланс доколку го направеа, тие ќе внимаваа многу повеќе на трошоците и ќе ги скратија непродуктивните трошоци – рече Димитриеска Кочоска.

Според неа во државата имаме и одговорни луѓе, но и луѓе кои што не се толку економисти и тие сметаат дека Буџетот е нешто што се врти во континуитет и дека не е ништо страшно и дека државата е јака.

Гледаме дека ги покриваме сите трошоци независно дали се продуктивни или не се продуктивни и некој таму од подолните ешалони, директори, не е свесен за реалната, пред се здравствена и економска состојба. И тие не го направија ребалансот, тој дојде во мај кога повторно јасно беше дека не е реално планиран. Да не одиме во даночните приходи за кои се знаеше дека нема да се остварат така како што се планирани, меѓутоа во неданочните приходи кога ќе ги погледнете тие со ребалансот, речиси не скратија ништо – вели Димитриеска Кочоска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.