СДСМ со измените на Законот за персонален данок на доход во 2019 година воведе прогресивни стапки (10% и 18%) за приходите кај редовно вработени, повремени и самовработени лица.
Во рамки на овој закон СДС не воведе прогресија, туку воведе зголемена даночна стапка, од 10% на 15%, за приходите кои се резултат на сопственост на капитал, како што се приходите од издавање под закуп, добивки од продажба на удели, добивки од продажба на недвижности, дивиденди, напиша на  Фејсбук дополнителната заменик министерка за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

Таа вели дека овој чекор на СДС беше погрешен е видно и од фактот дека приходите по овој основ беа значајно намалени и далеку од предвидените проекции. На половина година СДС под притисок на бизнис заедницата донесе измена во законот и повторно враќање на старите даночни стапки (за жал даночното ослободување не се промени).

И покрај лошите резултати ова не ги спречи повторно во нивната програма да ја остават можноста од враќање на прогресивното оданочување. Ова, нивните неконзистентни политки и нестабилната даночна политика создава афмосфера на непредвидливост и несигурност која негативно се одразува на деловното работење во приватниот сектор.
Сакам да додадам дека, во 2018 година растот на приходите од ПДД од капитал, како и од капитални добивки, се резултат на воведувањето на системот е-Персонален данок со кој се оневозможува да се исплати нето приходот без налог од УЈП. Системот е-Персонален данок е проектиран во 2015 година и развојот се одвиваше во 2016 и 2017 год. Тоа не е проект на СДСМ!
Горенаведеното докажува дека високите даночни стапки не секогаш се предуслов за повисока наплата и дека даночната политика на ВМРО – ДПМНЕ беше во правилна насока.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ во својата програма предлага намалување на даночните стапки кај Данокот на добивка и Данокот на личен доход. На тој начин повеќе пари ќе останат кај бизнисот за да може истиот да се развива, а со тоа да се зголемат приходите во буџетот!
Со ова бизнис секторот има загарантирана стабилна иднина и нивните планови можат да се темелат на предложените даночни стапки.
Го поддржуваме бизнисот бидејќи тој е двигател на економијата, а со подобра економија ќе се овозможи повеќе за граѓаните и за целото наше општество!
Обновата доаѓа!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.