Во вечерашното гостување во телевизија Алфа, дополнителната заменик министерка за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска истакна дека голема грешка ќе беше доколку се спроведеше планот на Зоран Заев за кратење на платите во јавната администрација.

-Сметам дека ќе беше голема грешка платата за администрацијата да беше сведена на 14.500 денари, вели таа.

Според неа тоа е последното нешто кое треба да се случи со оглед на тоа што во ставките на буџетот постои голем број на други трошења кои можат да бидат скратени.

-Последно што треба да се случи е да се намали платата на администрацијата. Јас пак ќе кажам вие во буџетот кога ќе го погледнете има простор и има ставки за кратење . Јас се сеќавам кога седнавме првиот пат да разговараме со министерката кога требаше да ги потпишам овие писма и зборувавме за кризата и велам, министертвото за здравство треба да има се, да не му се ускрати се, додаде таа

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.