Откако Владата објави дека е одобрена финансиска поддршка од 53,4 милиони евра за инвестициите на 49 компании преку Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, со реакција во јавноста се огласи членката на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска-Кочоска.

49 фирми добиле 53 милиони евра, a максимален износ по фирма e 1 милион евра. Ало, Влада, се слушаме? – реагира Димитриеска-Кочоска.

49 фирми добиле 53 милиони евра, a максимален износ по фирма e 1 милион евра. Ало, Влада, се слушаме?

Gepostet von Гордана Димитриеска-Кочоска am Donnerstag, 15. Oktober 2020

Нејзината јавна реакција се однесува на тоа што едно од правилата на конкурсот за финансиска поддршка е тоа дека една фирма може да добие најмногу еден милион евра.

Тоа го потврдија и од Владата при сооопштувањето за доделените финансии.

Максималниот годишен износ на финансиската поддршка по овој основ е од 10 отсто до 20 отсто, од реализираната инвестиција, но не повеќе од 1.000.000 евра. Вкупниот износ одобрена поддршка за инвестициите за компаниите од двата пакета изнесува 53,4 милиони евра – стои во условите за доделување финансиски средства.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.