На 13.10.2020 одржана Аукција на државни записи. Државата понудила 55 милиони евра, а банките купиле државни записи во вредност од само 12,5 милиони евра, пишува Гордана Димитриеска Кочоска на својот ФБ профил.

Дали банките веќе немаат доверба во државата? Или банките имаат потреба од брзи пари и ги чуваат кај НБРМ?

Дали банките се спремаат за црно сценарио кое ќе ја зафати економијата поради неспособната власт, па чуваат пари да можат веднаш да реагираат?

Убаво ќе беше некој од власта да излезе и да каже зошто немаше интерес за едногодишните државни записи. Се разбира доколку знае,  пишува таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.