На прашањето кое започнува со колку, наједноставно се одговара со факти, но не измислени, туку реални, издржани, проверливи факти. И бидејќи Заев ја отвори темата, еве 10 факти кои ги разобличуваат неговите невистини во економијата, пишува лидерот на ВМРО- ДПМНЕ на својот Фејсбук профил:

Факт број 1: Реалната сума на странски директни инвестиции е драстично помала од 624,5 милиони евра со која се фали владата и Заев. Дури над 80 отсто од оваа сума не се странски инвестиции, туку реинвестирана добивка. Тие ја реинвестираат сопствената добивка затоа што Заев и оваа влада ги качија даноците во државата и мора акумулираната добивка од годините наназад кога работеле во Република Македонија да ја извадат во последниот квартал од претходната фискална година и истата година да ја реинвестираат истата година.

Факт број 2: Вистината е дека оваа влада нема обезбедено странски директни инвестиции, а фабриките со кои се фали Заев се оние инвестиции донесени, обезбедени од владата на ВМРО-ДПМНЕ. И тоа е лесно проверливо.

Факт број 3: Инвестицијата Чагатај Кабло со која се фали Заев е инвестиција на ВМРО-ДПМНЕ. Впрочем се работи за турска инвестиција, добавувач на белгиски Ван Хол која што пак е исто така донесена во време на претходната влада. Чагатај Кабло е претходно договорена – објавено од страна на инвеститорот дека ќе инвестира во декември 2016 година.

Факт број 4: Ивестицијата ВИК од Германија со која Заев се пофали, е исто така донесена од страна на владата на ВМРО-ДПМНЕ. Се работи за германска инвестиција во ТИРЗ Прилеп, претходно договорена и објавена од страна на инвеститорот уште во ноември 2016.

Факт број 5: Инвестицијата Теламон со која Заев се пофали е браундфилд инвестиција договорена пред доаѓањето на СДСМ. Поради промeнa на владата и неспособноста на тимот кој сега е во Владата следеше застој во преговорите.

Факт број 6: Инвестицијата на Мурат Тичарет за која Заев кажува невистина дека е негово дело, е турска инвестиција, добавувач на белгиската Ван Хол со која претходно, пред доаѓањето на СДСМ беа започнати разговори и беа сведени во финална фаза, и забележаа застој од најмалку една година по смена на власта.

Факт број 7: Компанијата Дура за која Заев напиша дека е инвестиција на оваа влада, впрочем е инвестиција на американска компанија со која се водеа долгогодишни преговори од владата на ВМРО-ДПМНЕ по што беше избрана Македонија во тесна конкуренција со Србија. Инвестиција реализирана на основ на нов инвестициски концепт во зоните дизајниран од тимот на претходната Влада.

Факт број 8: Фалењето на Заев со компанијата Кеслер е злоупотреба бидејќи оваа компанија е донесена исто од владата на ВМРО-ДПМНЕ. Претходно договорена и впрочем се работи за компанија која веќе 2 години функционира надвор од ТИР Зона во околината на Скопје!

Факт број 9: Фабриката на ODW електрик работи во Македонија уште од 2015та година. Тоа е една од инвестициите донесени од претходната Влада со долгорочен план чија етапна реализација сега, вештачки се претставува како нова (втора) фаза.

Факт број 10: Истата 2015-та година со работа почнува и фабриката на компанијата Диатек, со која сега Заев се фали како негова успешна инвестиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.