По скратена постапка во Собранието се доставени законите од Министерството за финансии кои се во насока на реализација на мерките од четвриот пакет.

На денешната 20-та седница на Собранието на дневен ред се покрај дополнетиот предлог Ребаланс и Предлог на закон за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено економската криза предизвикана од вирусот COVID-19 за месеците октомври, ноември и декември 2020 година, по скратена постапка, Предлог на закон за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, заради исплата на платите за месеците октомври, ноември и декември 2020 година, по скратена постапка, како и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, по скратена постапка.

Законските решенија овозможуваат поддршка за исплата на плата за октомври, ноември и декември, како и измените за даночните стапки кај занаетчиите, угостителите, ослободување од данокот на додадена вредност за донации дадени на буџетски корисници за справување со Covid-19, како и одложување на плаќањето на ДДВ за дополнителни пет дена заради ликвидноста поддршка на компаниите.

На дневен ред е и Предлог на закон за изменување на Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација во прво читање, Предлог на закон за задолжување на Република  Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор, по скратена постапка, Предлог на закон за решавање на спорот помеѓу Владата на Република  Македонија и Макпетрол АД Скопје по пат на спогодба, по скратена постапка, Предлог на закон за изменување на Законот за работните односи, по скратена постапка, Предлог на закон за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, Предлог за престанок на функцијата член на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република  Македонија, Предлог за избор на судија на Уставен суд на Република  Македонија, Предлог на закон за изменување на Законот за приватно обезбедување, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Централен регистар и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.