Управата за јавни приходи ги известува даночните обврзници и корисниците на електронските услуги на системот е-Даноци, дека поради планирани активности и интервенции во делот на ИТ системот на УЈП денеска можни се прекини во е-услугите во период од 9 до 17:00 часот. 

Може да има прекини на е-услугите, во функционирањето на МПИН системот, со што ќе се примаат пресметки по меил, но, пресметките нема да може да се обработуваат и да се генерираат декларации а во прекин ќе бидат и е-ПДД и МојДДВ, посочуваат од УЈП

Штом завршат активностите, како што се посочува, системот ќе биде ставен во функција по што ќе може да се користат и е – услугите. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.