Само ден пред преземањето на управувањето на топлинската енергија од ЕСМ, компанијата БЕГ склучила договор во вредност од 40 милиони евра за набавка на 52.1 милиони килограми мазут со фирмата РКМ  објави ТВ21.

Договорот е постигнат преку рамковна спогодба на 20 јануари годинава по цена од 39.26 денари за килограм мазут, кој е постигнат без објавување оглас.

Она што предизвикува сомнеж е и тоа што само ден пред да се склучи договорот со БЕГ односно на 19 јануари, Капушевски регистрирал подружница складиште на мазут.  И минатата година БЕГ склучил договор со РКМ во висина од 22 милиони евра за набавка на 55 милиони килограми мазут и тоа во случај на потреба иако количината е за цела грејна сезона.


Повеќе ТУКА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.