Демантирајте ја веста која ја објавивте или ќе ве тужам! Со овие зборови до Република се обрати директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китинов, од кого побаравме одговор дали е точно дека шпанската компанија „Рубау конструксионес“ преку адвокатската канцеларија “Hogan Lovells” бара од државата да плати 100 милиони евра пенали за раскинатиот договор во врска со изградбата на делницата Градско-Прилеп.

Китанов категорично тврди дека сме објавиле глупсти, не биле 100 милиони евра, туку со една нула помалку, односно десет милиони евра отштета за фирмата. Дрскиот директор очекува да избришеме една нула од сумата што Македонија ќе треба да ѝ ја исплати на оштетената шпанска фирма без да приложи пишан документ, официјален кој би бил покритие за негововото тврдење.

Ако веднаш не ја деманитирате информацијата објавена на вашиот сајт, ќе ве тужам! Не можете да објавувате лаги и дезинформации. Како прво на сумата за барана оштета сте додале една нула. Исправете го текстот ако не сакате да ве тужам сите – беше одговорот на Китинов, кој притоа и реагираше зошто сме го побарале на неговиот приватен телефон, иако многупати порано сме контактирале на тој телефон.

Тој крајно арогатно нагласи дека можеме да добиеме одговори на нашите прашања во врска со раскинувањето на договорот на  „Рубау конструксионес“ доколку го деманираме вчерашниот текст, иако од него беше побарано токму тоа, да ни достави официјален документ со кој ќе го поткрепи она што го тврди – дека пеналите не се 100 милиони евра, туку 10 милиони евра. Од негова страна не добивме никаква аргументација со која би бил демантиран претходно објавениот текст.

И барњето за демант на Китанов доаѓа откако му поставивме прашања во врска со случајот, а не на негова иницијатива, што дополнително ги подгрева нашите сомнежи дека директорот на Јавното претпиријатие се обидува да ја ублажи штетата без покритие.

„Рубау конструксионес“, фирма-изведувач на работите на експресниот пат Градско-Прилеп, излезе со информација дека изградбата на оваа делница нема да ја продолжува и дека се раскинати сите договори. Од шпанската компанија „Рубау конструксионес“, го обвинуваат директорот на Јавното претпријатие за државни патишта дека поради тесни лични и партиски интереси го раскинал договорот со нив.

Според адвокатската канцеларија “Hogan Lovells” судскиот процес е веќе во арбитража, и се очекуваа да трае неколку години.

„Рубау“ беше ангажирана за изградба на 10 километри од планираните 33,5 километри експресен пат од Градско до Прилеп, а инвестицијата за првата фаза изнесуваше 31,8 милиони евра.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.