Нови проблеми за исклучените од системот на греење. Новите правила кои важат од  01 април предвидуваат дека паушал и натаму ќе плаќаат граѓаните кои не живеат во становите или не ги користат деловните објекти.

Сопственикот на посебен дел во станбени и деловни објекти каде распределбата на надоместокот се врши преку еден мерен уред, кој живее или го користи објектот и е исклучен од системот, е обврзан тоа да го докаже со приложување на валиден документ (лична карта и имотен лист) после што нема обврска да го плаќа надоместокот. Сопственикот кој не живее или не го користи посебниот дел за деловни потреби, има обврска да го плаќа надоместокот за ангажирана топлинска моќност, согласно тарифниот систем за продажба на топлинска енергија, соопшти компанијата.

Целата вест на Сител

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.