Дејан Владев, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ во Свети Николе на социјалните мрежи се огласи за состојбата во текстилните фабрики во Свети Николе.

СОЛИДАРНОСТ ЗА РАБОТНИЦИТЕ ВО ТЕКСТИЛНИТЕ ФАБРИКИ

Во Свети Николе ова е секојднавие….една голема фабрика со стотици и стотици вработени претежно работнички ќе работи и во сабота….експресно побарале да им се издададат дозволи за работа за време на полицискиот час…?!?
Која е логиката овие луѓе да работат и после 16 часот во работни денови и во сабота кога цел град е во целодневен карантин…..Полни автобуси…погони со работници на мало растојание едни до други…и тие се мајки,тетки,сестри,сопруги…
Во Св.Николе од секоја фамилија има по еден вработен таму….
Со божја помош,засега немаме заболени во градот….вака за пусти пари….којзнае…
Работниците се плашат….нема каде да реагираат… кој да им помогне…нема каде да се обратат за помош…
Алооо…Спасовски и Филипче дали се слушаме?!?
Во нашиот град во оваа дејност работат преку 1000 работници…само во градот…во Штип уште толку…
Важно “БЛЕСКАМЕ”…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.