Сè уште се бира моделот по кој ќе се одвива долго најавуваната мерка со која граѓаните ќе добиваат повраток од 15 отсто од платениот данок на додадена вредност велат од  Управата за јавни приходи. Мерката треба да стартува од 1 jули. Целта на реформата е граѓаните да се мотивираат да пазарат од  места каде се издаваат фискални сметки, а со тоа да помогнат во наплата на даноците

Секој граѓанин ќе биде инспектор, ќе пазарува онаму каде што ќе се издаваат фускални сметки за да може да си издаде поврат на ДДВ.

Премиерот Заевна трибина во Квадарци уште еднаш повтори за придобивките од повратот на ДДВ. Тој вчера најави дека повратот ќе се одвива со мобилен трелефон.

Сумите на поврат ќе бидат лимитирани, за мерката да биде фер и да не се случи богатите кои најмногу трошат, да добијат назад и најмногу пари.

За потрошена сума од 10 илјади денари, на пример, ќе се добие поврат од 230 денари.

За  проблемот со наплата на даноците неодамна алармираше и ММФ, дека државата не може да наплати дури 15 до 25 проценти од приходите од ДДВ.

Инаку за месеците јануари и февруари оваа година спроведени се 268 контроли за фискализација од кои во 215 се откриени неправилности. За разлика од лани во истиот период кога инспекторите направиле 1639 контроли, а биле констатирани 174 неправилности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.