Поради мерката за прекин на образовниот процес со цел спречување на ширењето на коронавирусот, родителот кој нема да доаѓа на работа треба да обезбеди соодветна потврда за детето од градинка или од училиште кое го посетува. Потврдата треба да гласи само на едниот родител и да се достави до работодавачот до терминот за пресметка на следната плата. На таков начин ќе го регулира своето отсуство од работа,  соопшти вечерва министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски во емисијата 24 анализа на ТВ 24, појаснувајќи како ќе се регулира отсуството на родителите со деца до 10 години кои во наредните две недели се ослободени од работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.