Носителката на листата со кандидати за пратеници од коалицијата „Обнова за Македонија“ предводена од ВМРО ДПМНЕ, Дафина Стојаноска на средбата со млади во Тетово посочи дека изборната програма предвидува повеќе мерки за оваа категорија на луѓе.

-На средбата со Унијата на млади сили во Тетово почувствував револт кај овие млади заради сите лажни и нереализирани ветувања до страна на СДС изминативе три години поради што имаме и официјален податок од Државниот завод за статистика за 35,6 проценти невработени млади во Македонија, што е највисокиот процент во Европа. Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ во својата програма „Обнова“ се обврзува дека во четири години мандат ќе има вработувања на 50 илјади млади луѓе, нула проценти данок за вработувања на млади лица до 29 години, загарантирано работно место за 500 од генерацијата на најдобрите студенти на државните унивезритети и секако еден денар за спорт што ќе се издвојува од акцизите за нафта и нафтени деривати, истакна Стојаноска.

Таа денес заедно со кандидатот за пратеник Александар Велјановски оствари средби и со стопанственици од регионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.