Целосно да се замрзнат обврските на граѓаните и фирмите кон банките и тоа до 30 јуни, предлагаат експертите. Велат дека со уредбата која ја донесе владата се олеснуваат условите за враќање на долговите, но таа не е задолжителна. Затоа експертите сметаат дека во ваква ситуација за да се растеретат и домаќинсвтава и стопанството државата треба да најде начин како да им наметне обврска на банките целосно да ги замрзнат обврските кон нив , а откако ќе заврши кризата со пандемијата тогаш да се бараат начини како полесно да почнат граѓаните и бизнисмените да ги враќаат долговите.

Лазаров вели дека државата веќе доцни со ваквите мерки, а стопанството и граѓаните се во постојан грч затоа што на некој веќе им достасуваат ратите за плаќање.

Во регионот народните банки во некој земји одлучија на минимум 3 месеци да ги замрзнат ратите на кредитите за сите граќани и фирми, кај нас НБРМ даде само препорака – секоја банка да одлучува посебно за секого. Иако секој клиент може да бара одлагање на враќање на кредитот, плаќање на ратите, сепак крајниот збор ќе го имаат деловнте банки.

извор: Сител

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.