Премиерот Оливер Спасовски на денешната прес конференција соопшти повеќе економски мерки кои ги донесе Владата.

Да се одложи плаќањето закуп за корисници на социјалните станови. Дополнителни бескаматни кредити за фирмите од нови 8 милиони евра за микро, мали и средни претпријатија. Максималниот износ не може да биде повисок од 90.000 евра, а минималниот не може да е понизок од 3.000 евра. Отплатата на кредитот ќе се врши во квартални отплати. 50 милиони евра кредити од развојната банка пласирани преку комерцијални банки за заштита на ликвидност на компании. Се забранува отворање стечајна постапка. Оваа мерка е веќе донесена. Задолжително користење на првиот дел од годишниот одмор од 2020 година заклучно со 31 мај годинава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.