`Ржаниот леб вчера достигна вртоглава цена од 93 денари, интегралниот од 84, а белиот на парчиња од 56 денари. Цените се нешто пониски во поголемите маркети, но речиси никаде веќе не може да се најде леб под 50 денари.  За една година, за одредени типови на леб, цената скокна за 100 отсто и не застанува тука.

Од мелничко-пекарската индустрија велат дека причината за поскапувањето на лебот се повисоките цени на струјата и гасот за компаниите кои се повисоки дури и за 100 отсто. Оттаму велат дека несериозно е да се очекува намалување на цените на основните производи во услови кога сè е поскапено, а компаниите се пред затворање.

Точно цените на лебот се зголемени од 8 до 10 отсто поради зголемување на цените на струјата и гасот кои во август се повисоки за 100 отсто во однос на јули. Големо влијание врз цената на производите има и поскапата струја за малите пекарници кои се на регулираниот пазар и кои порано беа во категоријата на домаќинства, а сега се во четвртата најскапа тарифа заедно со големите потрошувачи. Поради тоа на овие пекарници цената на струјата им се качи од 2 на 11 денари за киловат-час, изјави за ВЕЧЕР, Горан Малишиќ, претседателот на Здружението на малничко-пекарската индустрија.

штипските пекарници, пак, лебот сè уште лебот го продаваат по старата цена, но како што вели Николче Малинов, сопственик на пекарница, и тие ќе ја зголемат цената кон средината на овој месец. Се очекува цената на лебот да се покачи за два денари, а корекцијата ќе ја направат по 15 август. Посочи дека ова се должи на зголемување на цената на струјата, како и на повисоката откупна цена на житните култури.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.