Народната банка на својата Фејсбук страна објави препораки до граѓаните за безбедно онлајн купување. Оттаму велат дека купувањето преку интернет е лесно и брзо, но дека заштитата на сопствените финансии е од суштинско значење.
Од Народната банка препорачуваат да се купува од безбедни веб страници и секогаш да се побара „https://“ и икона за катанец во лентата за веб-адреси. При купување да се користат безбедни интернет врски, односно никогаш да не се купува преку јавна Wi-Fi мрежа и редовно граѓаните да ги проверуваат сопствените банкарски изводи за неовластени трансакции.
Овозможете двофакторна автентикација: Додадете дополнителен слој на безбедност на вашите сметки. Пазете се од премногу добри понуди: Ако изгледа премногу добро за да биде вистина, веројатно е! Вашата безбедност е приоритет – купувајте паметно, останете заштитени!, препорачуваат од Народната банка.
Инаку, денеска почнува Black Friday, ден во кој повеќето производи за широка потрошувачка се нудат по намалени цени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.