Во податоците на ЦИА пишува и дека нашата држава во моментов има вкупно население од 2.118.946 милиони граѓани, објави „Нова Македонија“.

Државите на Балканот, единствено со исклучок на Словенија, се соочуваат со негативен тренд на намалување на бројот на своето население и со миграции и иселување на граѓаните. Ова се загрижувачките податоци што се објавени на веб-страницата на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), во истражување насловено „Ворлд фактбук “, или светска книга на факти.
Демографот и поранешен директор на Државниот завод за статистика, Дончо Герасимовски, вели дека ваквите загрижувачки информации што се објавени во истражувањето на „Ворлд фактбук“ кореспондираат со слични претходно направени анализи на Светска банка, на Обединетите нации, но и на многу други меѓународни организации и невладини и владини институции.

Целиот текст тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.