Поранешниот министер за внатрешни работи Наќе Чулев испрати поздрав од Кавадарци, каде викендов го поминал работно на гроздобер. Вели, градот ми буди убави спомени од детството и младоста.

Во Тиквешијата е најубавото грозје и овде се прави најубавото вино. Кога одам во Кавадарци разговарам со земјоделците од кои многумина се мои пријатели. Оваа година тие се видно разочарани од условите и цените по кои се откупува грозјето. Жално е што маката и трудот на лозарите воопшто не се вреднува. Ги охрабрив и верувам дека ќе дојде подобро време кога ќе се исплати маката на чесните луѓе.
Посакувам следната средба да разговараме за убави работи, за реална цена на грозјето, економијата, инвестициите и напредокот на градот, порача Чулев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.