Багер – гасеничар, камион – дампер, едно скипче и голем булдожер се четирите машини за кои РЕК Битола ќе плати до 3,2 милиони евра (без ДДВ). Нема тендер за закупот затоа што било крајна итност. Наемот важи една година. Четирите машини ќе ги обезбеди група од две битолски фирми. Носител на групата е битолската фирма „ЗИМАК ДООЕЛ“ која за цела 2019 година имала вкупни приходи кое се само 10 отсто од вредноста на договорите за закуп на четирите машини, објави порталот „Фактор“.

„Фактор“ пишува дека РЕК „Битола“, најголемиот производител на струја и подружница на ЕСМ (најголемиот државен производител на струја – поранешно ЕЛЕМ) во услови на крајна итност без без објава на тендер туку со преговарање закупи четири машини (багер гасеничар, скип, камион дампер и булдожер) од две битолски фирми и за тие четири машини ќе плати до 3,2 милиони евра за период од една година. „Фактор“ објавува дека тоа се официјални податоци достапни на сајтот на Бирото за јавни набавки кое дали мислење дека постојат услови за преговарање без објава на оглас т.е. тендер. ЕСМ и РЕК Битола барале и добиле позитивно мислење од Бирото за јавни набавки со образложение дека станува збор за крајна итност за наем на машини за ископ.

Оттука следи прашањето до Васко Ковачевски генералниот директор на ЕСМ: до каде е набавката на нова механизација за потребите на РЕК Битола, вредна 19 милиони евра, која лично Ковачевски во декември 2019 година спектакуларно ја најави од говорницата на прес центарот во Владата?, пишува „Фактор“.

Целиот текст тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.