Бизнисменот Ванчо Чифлиганец ја купува „Топлификација“. Информацијата за „Телма“ ја потврди стечајниот управник Богољуб Макревски, кој вели дека собранието на доверители на 8 октомври треба да пресече дали ќе ја прифати понудата од 9,3 милиони евра.

На електронското наддвање имало две понуди, но таа на „Адора“ била поповолна и прифатена. Доколку Собранието на доверители ја запечати понудата, Адора ќе стане сопственик на двете топлани Исток и Запад и целиот имот на Топлификација запишан во стечајната маса.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.