Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во текот на вчерашниот ден извршил вкупно 524 контроли и 26 надзори во угостителски објекти во повеќе градови во државата. Контролите биле извршени по основ на придржување на објектите на пропишаните здравствени протоколи и пропишаното работно време.

Утврдени се неправилности во четири угостителски објекти, коишто ги прекршиле протоколите. Поточно, во три објекта во Скопје и во еден во Битола, за што ДПИ ќе поднесе кривични пријави. Исто така, затекнати се два нерегистрирани објекти во Битола и Дебар, и еден објект во Скопје кој не го почитувал пропишаното работно време за што ќе се спроведе прекршочна постапка. Воедно изречени се две мерки за прекршок според Законот за угостителство на два угостителски објекти во Дебар и Скопје, информираат од кабинетот на заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

Поединечно по градови, во Скопје биле извршени седум надзори, 230 контроли, при што ДПИ изрекол три кривични пријави, една прекршочна пријава и една мерка едукација (прекршок по Закон за угостителска дејност). Во Битола ДПИ спровел два надзора, 15 контроли, и изрекол една кривична пријава, и затекнат еден нерегистриран објект. Во Дебар, биле извршени седум надзори, затекнат бил еден нерегистриран објект и била изречена една мерка за прекршок по Закон за угостителство.

Останатите надзори и контроли се спроведени во Прилеп, Делчево Кочани, Свети Николе, Струмица, Гевгелија, Тетово, Гостивар, Охрид, Струга и Куманово, при што од страна на ДПИ не се констатирани прекршувања на протоколите. Со оглед на тоа дека од денеска заклучно со понеделник, 12 октомври, трае викендот без ДДВ, инспекциските служби на ДПИ во текот на денешниот ден и следните денови се постојано на терен и спроведуваат интензивни контроли, не само во делот на почитување на здравствените КОВИД протоколи, туку и во делот на тоа дали цените на производите воведени во трговските книги на трговците, соодветствуваат со истакнатите цени на производите, со цел да се спречат можни манипулации со цените на производите, се наведува во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.