Oд вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 0.75 отсто, објави Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно одлуката, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР-95 се намалува за 0.5 денари, и еден литар 95-октански бензин ќе чини 68.00 денари.

Цените на ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ горивата се намалуваат за по 1.00 денари. Еден литар 98-октански бензин ќе чини 70.00 денари, додека еден литар дизел ќе чини 62.00 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.