Цените на бензините не се менуваат, додека дизелот поевтинува половина денар, одлучи Регулаторната комисија.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 не се менуваат, па бензините и понатаму ќе чинат 61.00, односно 63.00 денари за литар.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за половина денар и од вечерва на полноќ еден литар дизел ќе чини 52.00 денари.

Старо-новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.