Ја повикувам и опозицијата, да седнеме и да ги разгледаме и нивните анализи во однос на енергетската состојба и најавата за новата цена на струјата, побара министерот за економија, Крешник Бектеши во гостувањето на емисијата „Трилинг“.

Во однос на најавеното поскапување на електричната енергија, Бектеши информира дека тоа е одлука на РКЕ.

Секако, цената ќе биде во интерес на граѓаните и домаќинствата. Правиме големи напори да нема ценовни шокови и во делот на слободниот пазар, каде се поголемите потрошувачи и индустријата во целина. Во делот на домаќинствата и малите потрошувачи, пазарот е регулиран и цените не можат да се менуваат, затоа што двапати годишно РКЕ носи цена за регулиран пазар. Наредната година ќе биде 60%. За домаќинствата да не плаќаат поголеми цени за електрична енергија, во јуни донесовме и сега ќе донесеме одлука за ЕСМ да ги покрива потребите на ЕВН Хоум од 100%, рече Бектеши.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.