Денес нема да излезе во јавност ниту Коста Петров ниту Заевиот советник Битиќи да соопшти дека зголемувањето на акцизата нема да влијае на стандардот на граѓаните затоа што цената на горивата вртоглаво расте, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Го измамија и излажаа народот. Реалноста е дека денешната одлука за покачување на цената на горивата и до 3 денари е дел од грабежот врз граѓаните и стопанството кој СДСМ го започна со покачувањето на акцизата, се вели во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека за неполни две недели имаме покачување на цената на горивата за повеќе од 10 денари.

Првин беше нелогичното покачување на акцизата за 3.5 денари, потоа на 11 мај следеше покачување за нови 3.5 денари, за на 11 мај да имаме повторно покачување од 1 денар, денешното покачување во низа за период од две недели допринесе граѓаните да плаќаат 10 денари повеќе за литар бензин, во споредба од пред две недели.
Во ек на корона криза, кога економијата трпи огромни штети, давачките за горивото – основен енергенс и двигател на многу дејности дополнително се зголемуваат и тоа по директно барање од страна на СДСМ.
Владата буквално го зема и последниот денар од граѓаните и стопанствениците, само за да ги покрие дупките во буџетот кои се настанати од нивното неработење и недомаќинско управување, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека СДСМ ја турка државата кон амбис, а граѓаните и стопанството кон општа сиромаштија.

Потребна е итна стратегија за излез од кризата. Со СДСМ тоа не е можно. ВМРО-ДПМНЕ има план и стратегија за обнова на Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.